Анџелина Џоли исплашена за своите деца

Анџелина Џоли исплашена за своите деца

пред 4 години

Популарната холивудска глумица Анџелина Џоли е исплашена за своите деца и полека го губи разумот, пренесува National Enquirer.

Таа сега живее во страв и полека го губи разумот, вели нејзиниот поранешен телохранител Марк Билинхам. Тој открива дека Џоли е загрижена за безбедноста на своите деца поради богатството што таа и нејзиниот сопруг го имаат.

„Во периодот додека работев за Џоли и Бред, тие беа многу загрижени за нивните деца. Постојано морав да патролирам околу нив. Се плашеа дека може да бидат киднапирани во замена за пари. Сè се врти околу парите“, изјавил Марк.

„Анџелина се плаши дека во желбата некој да дојде до нејзиното богатство би можел да им наштети на нејзините деца. Тоа е нормално и разбирливо, но мене ми се чини дека таа претерува. Стана параноична. Со ноќи не спие“, вели нејзиниот поранешен телохранител.

Откако во 2016 година се разведе од нејзиниот партнер Бред Пит, таа води битка за старателството над нивните шест деца – Макс, Пакс, Захара, Шило и Вивиен и Нокс.

Иако досега не е официјално потврдено, светските медиуми неодамна пишуваа дека таа полека ја губи судската битка со Бред и дека по долгата и горчлива борба, на крајот ќе мора да му признае пораз и да му дозволи и тој да има старателство над нивните шест деца.

„Џоли ја развлекуваше битката за старателството најмногу што можеше и тоа ги фрустрира луѓето околу неа вклучувајќи го и судот. Но, сега ѝ се намалува маневарскиот простор и поради тоа ќе мора да го признае поразот“, изјавил изворот и додал дека на глумицата не ѝ помогнало тоа што побарала од судот посебен третман за неа.

Џоли побарала промена на судијата што го води нивниот случај поради наводно блиските врски со Бред и неговиот адвокатски тим, но судот го одби нејзиното барање.

На Џоли не ѝ се допаѓало како се развиваат работите во судницата, па сакала да го промени судијата. Но, никој не верувал во нејзините аргументи. Работите во судницата не се одвиваат во нејзина корист, колку и да сака да ги одолжува, објаснил извор близок до глумицата.

Share
Scroll to Top