Медиумите во Америка на глумицата Анџелина Џоли и ја доделија титулата „уништувач на бракови“, и пишуваат дека по разводот од Бред Пит, таа има проблем да го најде идеалниот партнер за неа.
Последната во низа љубовни приказни кои се раширија за неа, е поврзана со глумецот Крис Хемсворт, кој е среќно оженет со Елса Патаки. Елса изјави дека Џоли веќе има растурено еден брак претходно и дека се плаши да истото истото да не се повтори и со нејзиниот сопруг.
Медиумите ја поврзуваа и со глумецот Кит Харингтон, кој пак е во брак со Роус Лесли. За Џоли се шпекулираше и за обидите да пронајде идеална партнерка. Наводно, нејзините пријатели се обиделе да и помогнат во тоа, но безуспешно.
Џоли за малку ќе се венчаше со осум години постарата американско-јапонска глумица Џена Шимзи.
„Џоли зад себе има три пропаднати брака. Тааа е несреќна и речиси ја има изгубена довербата кај мажите. Пресвртот настана уште кога беше со Бред, кога се шпекулраише дека ја изневреува. Таа дури и ангажираше приватни детективи да го следат за да се убеди самата“, открил извор близок до неа.