Аргентински фармер направи лик на Меси на поле со пченка

Аргентински фармер направи лик на Меси на поле со пченка

пред 2 години





Ликот на Аргентинскиот фудбалер Лео Меси се најде на поле со пченка. Максимилијано Спинаце, аргентински фармер во чест на Меси решил да му оддаде почит на фудбалерот со тоа што на своето поле посадил пченка на таков начин што направил огромен лик на ѕвездата.

Спинаце со помош на компјутер и на својот пријател, земјоделскиот инженер Карлос Фарикели, процениле каде треба да се засади пченката на неговото поле во Лос Кондорес, во провинцијата Кордоба, за сега овој необичен подвиг наводно да може да се види и од вселената.

„Сега тие се светски шампиони и пресреќен сум што успеавме во проектот“, вели Спинаце.

 





Share
Scroll to Top