Аријан Адеми го напушта „Динамо“ како најтрофејниот играч и се сели во Кина

Аријан Адеми го напушта „Динамо“ како најтрофејниот играч и се сели во Кина

пред 1 година

Фудбалерот Аријан Адеми на 19 март ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб и заминува како најтрофејниот играч во историјата на клубот. Тој кариерата ќе ја продолжи во Кина каде потпиша тригодишен договор со Беиџинг Гоан. Платата на Адеми ќе биде  1,65 милиони евра по сезона, додека Динамо ќе добие отштета од милион евра.

Аријан Адеми (31) дојде на „Максимир“ во Загреб од Шибеник во 2010.  Со “Динамо„ освои 11 титули во домашното првенство, шест во Купот и трипати во Суперкупот. Одигра 358 натпревари и постигна 41 гол.

Роден во Шибеник, Адеми се надеваше дека ќе добие вистинска шанса во хрватската репрезентација. Но, тоа не се случи, па во 2014 ја прифати поканата да го од македонската репрезентација.

Фото: Јурица Галоиќ/PIXSELL

Share
Scroll to Top