Арсен Венгер одбил да биде селектор на Србија

Арсен Венгер одбил да биде селектор на Србија

пред 3 години

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) му ја понудил на легендарниот француски тренер, Арсен Венгер, да биде селектор на српската репрезентација, но тој одбил. Според српските медиуми, првиот човек на ФСС, Славиша Кокеза, стапил во контакт со поранешниот тренер на Арсена, но 72-годишниот Венгер, се заблагодарил на понудата и кажал дека не е заинтересиран да биде селектор на Србија.

Актуелен селектор на Србија е Љубиша Тумбаковиќ, но неговата позиција е сериозно загрозена откако не успеа да избори пласман на Европското првенство. Тој најверојатно ќе биде сменет на 15 декември.

Откако Венгер ја одбил понудата, јавноста во Србија шпекулира дека на позицијата на Тумбаковиќ ќе дојде Владан Милојевиќ, екс-тренерот на Црвена ѕвезда или легендата на српскиот фудбал Драган Стојковиќ-Пикси.

Share
Scroll to Top