Астероид Апофис кој е откриен 2004 година и кој проаѓа во близина на земјата, нема да ја удри барем во наредните 100 години, велат од американската вселенска агенција НАСА. Според нив, Апофис е еден од најопасните астероиди за Земјата.
Астероидот Апофие го добил името по античкиот египетски бог на хаосот и темнината. Се верува дека има дијаметар од 340 метри.
Иако се предвидуваше дека астероидот ќе помине близу Земјата во 2029 и во 2036, па и 2068 година, НАСА сега ја отфрла можната закана во овој период. Тие направија нови анализи направени за патеката на движењето на астероидот.
„Удар во 2068 година веќе не се смета за можен. Нашите пресметки не покажуваат никаков ризик за удар барем во наредните 100 години“, изјави Давиде Фарнокиа, кој ги проучува објектите што се движат во близина на Земјата.