Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ меѓу првите од естрадата кои ја примија вакцината против коронавирусот

Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ меѓу првите од естрадата кои ја примија вакцината против коронавирусот

пред 4 години

Фолк-пејачите Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ се меѓу првите луѓе од естрадата кои ја примија вакцината против коронавирусот. Јоксимовиќ во исто време им порача и на сите негови пријатели дека треба да бидат одговорни и да се вакцинираат.

Жељко го објави резултатот од антигенското тестирање на Ковид-19 со кратка порака.

„Значи само вакцина“, им порача Јоксимовиќ на фановите.

И неговиот колега, Аца Лукас, потврди дека се вакцинирал и дека се чувствува добро. Пејачот вели дека со нетрпение чека да му се врати на нормалниот ритам во животот.

„Ја примив вакцината и сè мина во најдобар ред. Се одлучив за кинеската вакцина. Не почувствував никаква болка. Веднаш продолжив со животот и завршив неколку работи низ град. Сега сè е во ред. Сите треба да се вакцинираме за да заврши овој хаос“, изјавил Лукас.

И додека едни фанови ги поддржуваат музичарите, други пишуваат дека не е во ред што некои од уметниците се на листата на приоритетни кои ја примаат вакцината против ковид 19.

 

Share
Scroll to Top