Аца Лукас по приведувањето во Кавадарци: „Во станица ме држеа цела ноќ – ова беше политичка порака“

Аца Лукас по приведувањето во Кавадарци: „Во станица ме држеа цела ноќ – ова беше политичка порака“

пред 3 часа

Аца Лукас се огласи по прекинатиот настап во Кавадарци, каде полицијата го приведе во станица поради, како што беше соопштено, непријавен и нерегуларен концерт. Пејачот во подолга изјава тврди дека целата акција била лично насочена кон него и неговиот тим.

Според Лукас, настапот бил при самиот крај кога во локалот влегла полицијата и го прекинала концертот.

„Не сум уапсен, отидов со сопствено возило. Во станицата ми рекоа дека настапот не бил регуларен, дека не бил пријавен, иако неколку дена претходно испратив копија од пасош – како што секогаш правиме,“ изјави тој.

Пејачот вели дека целиот бенд бил на бина, но само тој бил собран во станица.

„Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт,“ тврди Лукас.

Тој додава дека, доколку имало неправилности, надлежните требало да реагираат пред настапот, а не пред „2000 луѓе и кусур“.

„Ова е како да знаете дека некој доаѓа да убие некого, а вие да реагирате дури после тоа. Сè е јасно,“ порача пејачот.

Според неговите зборови, во полициската станица поминал цела ноќ, без дозвола да се врати во хотел, а утрото чекал судија за прекршоци. Притоа, како што вели, полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле.

„Еден човек од судот ми рече: ‘Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ’. Нема потреба – народот е прекрасен. Проблемот е кој го води,“ изјави Лукас.

Пејачот вели дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.

„Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого,“ додаде тој.

Share
Scroll to Top