Баксузна 2022, многу актери, музичари, доктори починаа во годината што измина

Баксузна 2022, многу актери, музичари, доктори починаа во годината што измина

пред 1 година

Актери, пејачи, уметници, композитори, спортисти, во годинава што измина починаа многу познати македонски имиња кои оставија белег во своите професии. Македонската јавност беше изненадена, а на социјалните мрежи можевме да прочитаме како пријателите, колегите, обичните граѓани се простуваат од познатите кои починаа.

Во годината што измина почина Невена Кочовска музичката дива на „Мањифико“ која боледуваше од Алцхајмер, замина истакнатиот актер Митко Апостолвски и докторот невросихијатар Медоди Чепреганов. Во 2022 година почина и фудбалерот Ѓорѓе Џонов кој боледуваше од рак, менаџерот Марио Липша, познат како пионер на модните настани во Македонија и сопруг на Сашка Петковска. Јавноста беше затечена од смртта на Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана бенд“, скопски урбан лик кој секогаш беше дел од градскиот живот.

Си замина и еден од омилените ликови на јавноста маестро Александар Џамбазов, почина Аки Ракимовски, славниот пејач на „Парни ваљак“ и директорот на Агенција за филм Горјан Тозија-Медо. Починаа актерката Мајда Тушар, професорот Ѓорже Маријановиќ, композиторот Тоде Новачевски.

По кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ. Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа во Драмски, туку и во други театри и проекти. Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни театарски , филмски и ТВ-улоги.

По долго и тешко боледување попладнево почина фолк пејачката Андријана Андреевска.  Андријана боледуваше од рак на белите дробови. Досега има настапувано на голем број на фестивали, како „Прилеп Фест“, „Охридски трубадури“, „Роса Фест“, „Филиграни“ и други, а имаше и голем број на турнеи низ светот. „Лажно срце“, „Одисеја“, „Ти ми требаш“, „Жена сум пак“, се само некои од нејзините песни.

Во годината што измина почина оперската дива Анастасија Низамова Мухиќ. Таа беше првенец на македонската опера и балет, певица и мецосопран, а меѓу пријателите беше позната и како голем вљубеник во планините. Дипломирала соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта „Алберт Херинг“. Во МНТ е од 1972 година. Таа е носителка на повеќе од 20 насловни и повеќе споредни улоги.


И познатиот неврохирург доктор Јовица Угриновски замина кон крајот на 2022. Тој беше специјалист неврохирург, и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Покрај медицината беше голем вљубеник и во планините. Беше љубител на планинарските спортови, а беше и претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија.

 

Во годината што измина почина професорката Татјана Петрушевска, која покрај предавањата на Правен факултет имаше и уникатен стил на облекување, македонската актерка од Битолскиот театар  Јулијана Стефанова, како и новинарката и поранешна директорка на МРТ, Гордана Стошиќ.

 

Share
Scroll to Top