Балетската бајка „Пепелашка“ на сцената во НОБ

Балетската бајка „Пепелашка“ на сцената во НОБ

пред 1 година

Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 18 март 2023 в сабота со почеток во 12.00 часот.

Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ-Србија. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ-Хрватска, сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник-Хрватска, асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен-Словенија.

Настапуваат: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Share
Scroll to Top