Во Србија денес почнува тридневна жалост поради траедијата во школото Владислав Рибникар во Белград, во кој беа убиени девет лица. Осум деца и работник од обезбедувањето беа убиени во средата од вооружен тринаесетгодишен ученик, а една наставничка е повредена.
Напаѓачот е уапсен, а уште еден сличен се случи во Младеновци. Многу ѕвезди од естрадата потресени од случувањата ги откажаа настапите ширум Европа и светот. Меѓу првите кои ги откажаа се Марија Шерифовиќ, Драгана Мирковиќ и Лепа Брена.
„Од почит кон жртвите и семејствата на настраданите деца, ве извесуван дека настапот за овој викенд во Германија е откажан. Новиот датум наскоро ќе биде објавен. Тоа е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и трагични моменти“, рече Лепа Брена.
Слично нешто направи и нејзината колешка Сека Алексиќ.
„Драги мои. Сега ни е најмалку до песни. Пред сè би сакала да изразам најдлабоко и најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Ова се моменти кога треба да бидеме тивки и да се молиме. Настапот во Будва е откажан“, рече Сека.
Александра Пријовиќ исто така сподели дека ќе ги откаже настапите. Ана Николиќ рече дека нема да пее, исто како и нејзините колеги Аца Лукас и Мирослав Илиќ.