Специјализираниот фудбалски портал WhoScored, го избра македонскиот фудбалер Енис Барди во идеалниот тим од квалификациите за Светското првенство кое наредната година ќе се игра во Катар. Според порталот Барди има вкупен рејтинг од 7,82.
„Клучниот играч на Македонија во завршницата на квалификацискиот циклус. Извонредна партија во победата над Ерменија од 5:0, каде што постигна хет-трик. Има просек од 2,3 клучни додавања по натпревар“, пишува WhoScored.
Покрај Барди во идеалниот тим се и Бенжамин Бушел (Лихтенштајн), Жоао Кансело (Португалија), Хари Мегваер (Англија), Вирџил ван Дајк (Холандија), Јоаким Меле (Данска), Стивен Бергис (Холандија), Дуашан Тадиќ (Србија), Мемфис Депај (Холандија), Хари Кејн (Англија) и Роберт Левандовски (Полска).
Осуммина во овој тим доаѓаат од репрезентациите кои се пласираа на Мундијалот во Катар, додека двајца, Барди и Жоао Кансело од Португалија ќе играат бараж за пласман на Мундијалот. Само голманот на Лихтенштајн, Бенжамин Бушел, со својата репрезентација ги заврши настапите.