Бајага и Инструктори вечер со концерт во Охрид, утре во Битола

Бајага и Инструктори вечер со концерт во Охрид, утре во Битола

пред 3 години

Познатиот југословенски пејач, Момчило Бајагиќ – Бајага и неговиот бенд „Инструктори“ вечерва ќе настапат во Античкиот театар во Охрид, а утре за првпат на Хераклеа во Битола.

Публиката ќе може да ужива во безвремените хитови: „Зажмури“, „Са друге стране јастука”, „Кад ходаш”, „Од када тебе волим”, „Плави сафир”, па сè до последните хитови од последниот албум, кој излезе лани, со наслов „Овај свет се мења”.

Тие се веќе во Охрид, соопшти вчера Аволон продукција на Фејсбук.

Бајага лани имаше концерт во септември во Скопје на стадиот на АРМ, по повод 35 години постоење. Поради правилата и епидемиолошки мерки предвидени за Ковид-19, бендот настапи пред помала публика и со пропишана дистанца.

„Ова е мојот најголем концерт откако започна кризата со коронавирусот“, изјави тогаш Бајага пред присутните.

 

 

Share
Scroll to Top