Бајага се прости од тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ

Бајага се прости од тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ

пред 4 години

Вчера почина познатиот музичар, тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ кој свиреше во некои од најголемите екс Ју бендови . Тој ги беше дел и од протестните маршеви  против режимот на Слободан Милошевиќ . Почина како последица од коронавирусот по битка од еден месец.

„Состојбата на Драгољуб се подобри пред пет дена и тој беше симнат од респиратор за дишење, но за жал, вчера неговото срце престана да чука. Многу ми е жал. Драгољуб беше добар човек, одличен тапанар и наш голем пријател. Вчера разговарав со Жика Јелиќ од ‘ЈУ група’, кој ми рече дека нашиот колега е многу подобар и дека симнат од респиратор. Но, тоа беше кратко,  неговото срце не можеше да го издржи“ – со насолзени очи изјави за медиумите Момчило Бајагиќ – Бајага, простувајќи се од неговиот добар пријател и колега.

Share
Scroll to Top