Модната дизајнерка Викторија и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам годинава пристигнаа на една од омилените летни дестинации – островот Лопуд во близина на Дубровник.
Да потсетиме, познатото семејство и минатата година летуваше на Лопуд, а престојуваа во одморалиштето Lopud1483. Одморалиштето кое тие го избраа беше местото каде што нивната ќерка Харпер го прослави својот 11-ти роденден. Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра.
Поранешниот манастир е реновиран од грофицата Франческа фон Хабсбург и претворен во музеј со елегантен хотел и духовно светилиште од 21 век, заедно со црква, камбанарија и манастир, а во рамките на комплексот има и Света градина.
Бекамови се возеле на глисер, пливале и се сончале, а поранешниот англиски репрезентативец особено бил воодушевен од јадранските деликатеси. Дејвид сподели оброци со ракчињата и школки на својот Инстаграм, каде не го криеше својот ентузијазам од десетици илјади следбеници.
Дејвид и Викторија неодамна ја прославија 24-годишнината од бракот, а заедно имаат четири деца; синовите Бруклин (24), Ромео (20) и Круз (18) и ќерката Харпер.