Бекамови се посиромашни од семејството Пелц, младенците потпишаа предбрачен договор

Бекамови се посиромашни од семејството Пелц, младенците потпишаа предбрачен договор

пред 3 години

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и неговата свршеница Никола Пелц, потпишаа предбрачен договор со кој ќе го заштитат богатството на нивните семејства. Богатството на Бекамови се проценува на околу 335 милиони долари, но родителите на Никола, се многу побогати, па нејзиниот татко има околу 1,1 милијарда долари. Во договорот, наводно стои дека ако се разведат, никој нема да добие ништо од имотот на другиот, ниту пари, ниту недвижнини, ниту што било друго, пишуваат светските медиуми.

Според изворите, предбрачните договори се сосема нормална работа во семејството на Никола, и сите членови кои се во брак имаат потпишано ваков договор.

„Одлуката на Бруклин и Никола за договорот беше заедничка. Тој има искуства со девојки кои биле со него само заради неговото презиме, па сите се среќни што Никола вистински го сака. И нормално, неа не ѝ се потребни неговите пари, посебно што и самата е модел и има своја успешна кариера. Нема ништо комплицирано. Во случај да се разделат, и двајцата ќе го напуштат бракот со она со што го почнале, односно нема да си даваат ништо“, изјавил извор близок до парот.

Парот врската ја потврди во јануари годинава, а пет месеци подоцна се верија. Првично планирале свадба во септември следната година, но ја одложиja за 2022.

„Бруклин им соопшти на родителите дека ќе ја одложат венчавката бидејќи уште е многу ризично. Не сакаат подоцна да мораат пак да одложуваат, ниту да го ограничуваат бројот на гости“, рекол истиот извор.

За венчавката единствено се знае Викторија Бекам ќе ја дизајнира венчаницата на Никола, откако таа носеше нејзина креација и за веридбата.

Share
Scroll to Top