Бела маичка: Задолжително модно парче

Бела маичка: Задолжително модно парче

пред 3 години

Без неа тешко е да ја замислите која било модна комбинација. Ова особено се однесува на урбаниот шик, бохо и уличниот стил, кои се актуелни во текот на изминатите неколку години и кои подразбираат комбинација на спортска елеганција и класични модни парчиња.

Без разлика дали сакате спортски изглед или сакате да ја освежите потемната модна комбинација – белата маичка е незаменливо модно парче, кое веднаш ќе направи чуда за вашиот изглед. Без разлика дали ќе се одлучите за комбинација од здолниште и маичка или џинс и сако – белата маичка совршено ќе се вклопи и целиот впечаток ќе го направи полесен и помладешки.

Таа е освежување во секоја смисла на зборот и, едноставно, е парче што морате да го поседувате во својот гардеробер, макар и во еден примерок (а не е лошо да го имате во повеќе). Особено е неизбежна во пролетните и летните месеци.

Ние ви носиме идеи што би ви помогнале да ја употребите и искористите белата маичка како би добиле совршен изглед.

Share
Scroll to Top