„Бело Копче“ трибјут „Бијело Дугме бенд“ со концерт на „Аква бела ресорт“ во Штип

„Бело Копче“ трибјут „Бијело Дугме бенд“ со концерт на „Аква бела ресорт“ во Штип

пред 12 месеци






На 3-ти јуни (сабота)  најпознатиот македонски трибјут бенд  „Бело Копче tribute Bijelo Dugme бенд“ ќе настапи во Aqua Bella Resort во Штип. Публиката ќе има можност да ја почувствуваат магијата на вонвременските хитови и незаборавни балади на легендарните “Бјело Дугме“ кои ќе ве пренесе во времето со прекрасните мелодии и носталгични стихови.

„Заборавете на секојдневните грижи и дозволете им на романтиката и емоциите да ви ги наполнат срцата. Придружете ни се за една неверојатна ноќ со врвни музичари кои ќе ги изведат вашите омилени хитови на Бијело Дугме. Чујте ги класиките како “Тако ти ја мала моја кад љуби Босанац”, “На задњем седишту мога аута”, “Селма”, “Липе цвату” “Ѓурѓевдан” и многу други“ “, велат  од бендот  кој и така свири ама и автентично изгледа, правејќи костимографски промени во зависност од тоа која песна од кој период и фаза на музичкото постоење на групата ја изведува. 






Share
Scroll to Top