Бен Афлек е во тешка состојба по прекинот со кубанската глумица Ана де Армас

Бен Афлек е во тешка состојба по прекинот со кубанската глумица Ана де Армас

пред 3 години

Бен Афлек е во тешка состојба откако пред месец дена ја прекинал врската со кубанската глумица Ана де Армас, пренесуваат светските медиуми.

Анонимен извор, близок до глумецот, за магазинот Women’ Day открива дека двојката прекинале пред месец дена, а тоа толку го скршило глумецот, што тој прекинал да јаде и буквално се изгладнувал.

Изворот вели Бен беше среќен со Ана, по разводот од глумицата Џенифер Гарнер и лечењето од зависност од алкохол.

„Тој мислеше дека ја најде среќата и дека конечно му тргна во животот, но не испадна така“, открива изворот.

Нивниот однос стана напнат откако шефовите на студиото кои го снимаа новото продолжение на „Џејмс Бонд“, во кој Ана сакала да глуми, ја одбија за улогата, со образложение дека наводно не изгледала визуелно добро за франшизата на Бонд и не била добредојдена на црвениот тепих.

„Од тој момент Ана почна да го доживува Бен поинаку, а тој тоа го почувствува на своја кожа. Премногу се врза со неа и сакаше да го минува слободното време со неа. Но, таа сакаше да се посвети на својата кариера и да го усоврши изгледот. Постојано е во теретана“, открива изворот.

Изворот признал дека и неговите приајтели премногу се загрижиле за состојбата на Бен

„Тој не им зборува многу за Ана, но сигурно е дека нивната врска е готова, со оглед на тоа колку е тажен и јаден. Најмногу се плаши да не стане повторно зависен од алкохолот, проблем кој едвај го реши и кој му го уништи бракот со Џенифер Гарнер. Џенифер е повторно подготвена да му помогне ако е потребно“, открива изворот.

 

Share
Scroll to Top