Бен Афлек со ќерка му Виолет беа на забавата на познатиот бизнисмен Мајкл Рубин по повод Денот на американската независност. Од што си личат со мајка ѝ, фановите помислија, Афлек е со неговата бивша сопруга Џенифер Гарнер.
„Каква мајка, таква ќерка. Мислев дека Бен дојде со двете Џенифер“, му коментираа тие.
Кодексот на облекување за забавата беше бел, па Виолет носеше лесен долг фустан и сандали, а косата и беше врзана во пунџа. На забавата ја донесоа Бен Афлек и Џенифер Лопез.
За потсетување, Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа во брак 13 години, се до 2018 година кога се разведоа. Покрај Виолет, Бен со Гернер ги има и ќерката Серафина (14) и синот Семјуел (11).