Бен Стилер и Кристин Тејлор повторно заедно откако пред пет години се разведоа

Бен Стилер и Кристин Тејлор повторно заедно откако пред пет години се разведоа

пред 3 години

Холивудските ѕвезди Бен Стилер и Кристин Тејлор се повторно заедно, откако пред пет години се разведоа, пренесуваат странските медиуми. Популарниот комичар во едно неодамнешно интервју за „Esquire“, кажа дека ека на почетокот на пандемијата се договорил со екс сопругата да се врати во нивниот семеен дом за да може да поминува време со децата.

„Потоа со текот на времето се случи. Бевме разделени и сега повторно сме заедно и среќни сме поради тоа. Беше навистина прекрасно. Неочекувано и една од работите што произлегоа од пандемијата“, рече актерот.

За потсетување, парот, најпознат по своите улоги во филмот „Brady Bunch Movie“, се запозна во 1999 година и се венчаше следната година. Но се разведе во 2017 година, по 17 години брак.

Share
Scroll to Top