Бесплатен концерт на Гавазова за Нова година

Бесплатен концерт на Гавазова за Нова година

пред 6 години

Фолк-пејачката Сузана Гавазова за Нова година ќе одржи бесплатен онлајн концерт за нејзините фанови. Откако прославите за новогодишните празници беа откажани поради коронавирусот, а се забранија и собирања и јавни настапи, пејачката јавно ги праша фановите дали се спремни за онлајн празнична журка со неа и нејзиниот бенд.

„Каде за Нова година? Дали сте можеби за еден новогодишен лајв со Сузана Гавазова“, напиша пејачката, меѓу другото, на нејзината фан-страница и собра околу 5000 лајкови.

Откако заради пандемијата престана да настапува, пејачката изминатите неколку месеци постојано одржува онлајн концерти од нејзиниот дом. Често на концертите има и гости-пејачи, па настапуваше заедно со Елена Велевска и Васил Гарванлиев.

Сузана, која постојано го привлекува вниманието на јавноста, пред два дена го прослави 41. роденден. Таа направи роденденска журка дома со неколку пријатели и нејзиното семејство.

(Галерија) Со журка и гламурозна торта Гавазова вчера славеше роденден

Share
Scroll to Top