Бејл по породувањето: „Јас сум друга личност кога ќе се погледнам во огледало“

Бејл по породувањето: „Јас сум друга личност кога ќе се погледнам во огледало“

пред 2 недели

„Малата сирена“ отворено проговори за својата нова животна улога и призна дека пати од постпородилна депресија.

Убавата актерка Хејл Бејли (24), позната по тоа што го чува својот приватен живот подалеку од јавноста, минатата година роди син, откако девет месеци успешно ја криеше својата бременост од медиумите.

Таа е позната по улогата на „Малата сирена“ во истоимениот филм, а сега на платформата Снепчет го сподели своето искуство од мајчинството и призна дека пати од постпородилна депресија.

„Само сакав да зборувам малку за моето патување по породувањето како нова мајка. Имам тешка постпородилна депресија. Не знам дали некоја нова мајка може да го разбере ова, но дојде до точка каде што е навистина лошо и тешко ми е да бидам одвоена од моето бебе повеќе од 30 минути“, објасни актерката и истакна дека навистина има голема поддршка од нејзиниот партнер и дека тој е токму таков татко што истото би го посакувала за нејзиниот син Хало, кој има три месеци.

Share
Scroll to Top