Бившата девојка на Кристијано Роналдо Нереида Гаљардо објавила фотографии од сегашната партнерка на фудбалерот за да покаже дека направила естетски операции за да изгледа како реалити ѕвездата Ким Кардашијан.
39-годишната Нереида објави стара, немонтирана фотографија од Георгина и неодамнешно селфи за да покаже дека го променила изгледот. Ги означила носот и устата на Родригез со црвени стрелки со натпис: „Денес ќе зборуваме за ринопластика или риномоделација“. Нереида ги спореди и фотографиите од девојката на Роналдо со ријалити ѕвездата.
„Георгина Родригез се повеќе личи на Ким Кардашијан, што мислите вие?“, ги прашала нејзините фанови.
Поранешната манекенка има речиси 40.000 следбеници на Инстаграм, каде што ги промовира своите деловни третмани – нехируршко намалување на маснотиите, белење на забите и филери.
Нереида Гаљардо беше првата јавна љубов на Кристијано Роналдо.