Бившата принцеза на Катар е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Шпанија

Бившата принцеза на Катар е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Шпанија

пред 2 години

Поранешната принцеза на Катар, Касија Галанио е пронајдена мртва во Шпанија. Нејзиното тело го нашла полицијата во нејзиниот стан во местото Марбеља.

Нејзините ќерки во Франција први ја известиле полицијата, откако не можеле да стапат во контакт со неа. „На полицијата им кажале дека мајка ѝ не им враќа на пораките“, рече портпаролката на полицијата во покраината на Малага, пренесе агенцијата „Асошиетед Прес“.

Кога полицијата влегла во нејзиниот стан со помош на домарот, ја нашла легната во кревет. Тие рекле дека не забележале никакви траги од насилство на нејзиното тело.

Портпаролката рече дека Галанио имала американско државјанство и дека била трета жена на Абделазиз бин Калиф ел Таниј, вујкото на катарскиот емират, пренесе францускиот весник Le Parizien.

Обдукцијата треба да покаже дали принцезата починала од предозирање со дрога. За потсетување, Галанио за кралот на Катар се омажила во 2004 година. Пред да се разведат добија три ќерки. Двајцата водеа битка за старателство повеќе од десет години.

Галанио во процесот на судењето твредела дека кралот сексуално ја злоставувал, додека тој ги негираше ваквите обвинувања. Децата живееја со таткото во Париз, пренесе Le Parizien.

Таа е родена во Лос Анџелес, но по потекло е од Полска. Има престојувано во една куќа кај својот сопруг во Марбеља, каде се борела со депресијата и проблемите со алкохолот.

Но, Луис Спањуло, близок пријател на поранешната принцеза, за шпанскиот весник Olive Press, re;e deka Галанио била против дрогата и дека не била алкохоличар.

„Ја познавав многу добро и разочаран сум од ваквите вести. Беше многу добра личност и ја сакаа сите кои ја познаваа. Ги сакаше своите ќерки и никогаш не би ги напуштила. Беше против дрогата и никогаш не беше алкохоличарка“, рече тој.

Share
Scroll to Top