Бившиот гитарист Енди Тејлор не се појави на приемот на „Дјуран Дјуран“ во халата на славните зашто има рак

Бившиот гитарист Енди Тејлор не се појави на приемот на „Дјуран Дјуран“ во халата на славните зашто има рак

пред 2 години

Бившиот гитарист Енди Тејлор не се појави на приемот на „Дјуран Дјуран“ во халата на славните зашто има рак. Легендарниот англиски бенд вчера беше примен во Рокенрол халата на славните, но, без еден од неговите основачи. Сајмон ЛеБон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор откако отсвиреа некои од хитовите, открија дека нивниот пријател и колега се бори со тешката болест рак на простатата.

dobivaj vesti na viber

„Пред четири години, на Енди му беше дијагностициран рак на простата. Тој се надеваше дека ќе ни се придружи на сцената за првпат по 17 години, но здравјето не му дозволи да патува на Ибица“, кажаа тие.

За потсетување, Тејлор ја напушти групата на врвот на славата во 1986 година, се врати во 2001 и свиреше на албумот „Астронаут“ од 2004, пред повторно да замине две години подоцна.

Share
Scroll to Top