Бившиот ракометар на Вардар Дисингер стана македонски зет и баџанак на Карачиќ, а Дибиров му беше кум

Бившиот ракометар на Вардар Дисингер стана македонски зет и баџанак на Карачиќ, а Дибиров му беше кум

пред 1 година

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер се венчаше со Македонката Марија Андоновска. На свадбата им дојдоа неколку играчи од шампионската генерација на Вардар.

Врската со вардаровите играчи остана силна па Тимур Дибиров прифати да му биде кум, а Дисингер за баџанак од вчера го има и Хрватот Игор Карачиќ, кој е во брак со сестрата близначка на Марија, Душица Андоновска. За потсетување, Дисигнер со Марија се свршија лани на нејзиниот роденден.

По заминувањето од Вардар кратко играше за романскиот Динамо Букурешт, а сега е член на катарскиот Ал Духаил. Од Вардар си замина во 2021 година откако претходно помина три сезони во клубот. Дојде како големо засилување, но поради честите повреди не успеа да се истакне.

Поради повредите, не беше често и дел од германската репрезентација, а од скопскиот клуб сакаше да си замине уште во 2020 година, но тогаш се пишуваше дека поради Марија решил да остане во Вардар.

Share
Scroll to Top