Бившиот фудбалер на Барселона, Патрик Клајверт, дојде на забавата на Шакира која ја организираше откако му раскина на Пике. Многумина во соседството каде живее Колумбијката застанаа на нејзина страна и се собраа пред нејзината дом да ја поддржат, пеејќи и ја новата песна во која таа го исмева Пике.
Истата ноќ организираше забавата и ги покани сите да ѝ се придружат, а меѓу нив бил и Клајверт, кој ја напушти Барселона пред Пике да загира во првиот тим.
Клајверт и Шакира се добри пријатели, а тој дојде за да ја поддржи во овие тешки моменти. За потсетување, по аферата на Пике многумина во Шпанија застанаа на страната на Шакира и го осудија фудбалерот дека ја уништил нивната долга врска.
Пике ја изнвери со помладата девојка, Клара Чиа Марти, а Шакира да му врати со нова песна во која го исмеа и му порача дека сменил „ролекс“ за „касио“ и „ферари“ за „твинго“. Тој пак потпиша договор со компанијата за часовници, а на работа дојде со автомобил „твинго“.