Биг Бен, светски познатото ѕвоно на кулата во Лондон, утре повторно ќе ѕвони по пауза од пет години. По една недела тестирање, првото официјално одѕвонување ќе го има во 11:00 часот и потоа ќе продолжи автоматски да работи.
Големиот часовник над британскиот Парламент во 2017 година беше однесено на реставрација на механизмот. Тој има повеќе од 1.000 подвижни делови кои мораа да се заменат и исчистат пред повторно да се стави во употреба.