Бизнисмен заборавил уметничко дело вредно 280.000 евра, па го нашол фрлено во контејнер

Бизнисмен заборавил уметничко дело вредно 280.000 евра, па го нашол фрлено во контејнер

пред 3 години

Надреалистичка слика вредна 280.000 евра е пронајдена покрај контејнер за рециклирање хартија во Германија, објави полицијата. Вредното уметничко дело на францускиот сликар Ив Тангуј случајно го оставил бизнисмен на аеродромот во Дизелдорф. Сликата спакувана во картон , ја заборавил пред неговиот лет кон Тел Авив кон крајот на минатиот месец, и кога сфатил дека ја заборавил, контактирал со полицијата веднаш штом слетал.

Откако неговиот внук од Белгија пристигнал во Дизелдорф и разговарал со полицијата, ја нашле и сликата покрај контејнер за рециклирање, кој вработените во аеродромот го користат за чистење на аеродромот.

„Ова дефинитивно беше една од нашите најсреќни приказни оваа година“, изјави портпаролот на полицијата Андре Хартвиг. „Тоа беше вистинска детективска работа.”

Share
Scroll to Top