„Бизнисот на задоволството“ патува во Уругвај, есенва ќе можете да го гледате во македонските кино сали

„Бизнисот на задоволството“ патува во Уругвај, есенва ќе можете да го гледате во македонските кино сали

пред 5 месеци

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика во ударен термин, в петок 12 јули во 20 часот.

После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.

„Бизнисот на задоволството“ ја обработува темата на трговија со жени, и есенва се очекува да биде прикажан во македонските кина. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.

Share
Scroll to Top