Билети по цена од 10.000 евра за концертот на Александра Пријовиќ се продаваат на оглас во Хрватска

Билети по цена од 10.000 евра за концертот на Александра Пријовиќ се продаваат на оглас во Хрватска

пред 1 година

Српската пејачка Александра Пријовиќ го распродаде и четвртиот концерт во Загреб. Со оглед на тоа што веќе не може да се купуваат билети, се појавија разни огласи.

Едно лице ги понудило своите билети за дури 10.000 евра.

– 2x влезници за Прија, прв концерт гостин Лепа Брена, цена по билет 5.000 евра. Генерално, одам на концерт, по вака би продавал билети, кој сака и може да плати, тука сум – гласи огласот.

Имало и такви кои всушност продавале билети, па нивната цена се движела меѓу 75 и 150 евра.

Пријовиќ е главна тема во Хрватска откако распродаде четири Арени во Загреб. Со тоа таа стана најмладата пејачка која распродаде повеќе од една Арена. Во рамките на турнејата „Од исток кон запад“, таа три вечери пееше и во Белград, а ќе пее и во други земји на Балканот.

Share
Scroll to Top