Билјана Дебарлиева во селска носија за Лазарова сабота: како дете, секоја година во родното село на мајка ми, бев дел од традиција во пресрет на Цветници

Билјана Дебарлиева во селска носија за Лазарова сабота: како дете, секоја година во родното село на мајка ми, бев дел од традиција во пресрет на Цветници

пред 2 години

Познатата водителка и презентер на вести, Билјана Дебарлиева објави фотографија на која е облечена во селска носија со која како што вели се потсетува на Лазарова сабота.

„Кога ќе се сетиш дека во подзаборавениот албум од детството имаш убав спомен од пред 40-тина години. Лазарова сабота, убав ден, празник, кога како дете, секоја година во родното село на мајка ми, Велгошти, бев дел од традиција во пресрет на Цветници“, рече Дебарлиева.

Таа неодамна гостуваше во студиото на Репортер, и во интервју зборуваше за бракот, за презимето за кое сите мислат дека ѝ е моминското, за популарноста и за мајчинство. Раскажа една поинаква приказна за себе, за предизвиците што ги носи телевизијата, особено кога одат вестите во живо.

Фото: Фејсбук Билјана Дебарлиева

 

Share
Scroll to Top