Бил Козби пак е обвинет за силување, два месеца по пуштањето од затвор

Бил Козби пак е обвинет за силување, два месеца по пуштањето од затвор

пред 3 години

Глумецот Бил Козби (84) повторно е обвинет за сексуална злоупотреба и силување, два месеца по пуштањето од затвор. Овој пат Козби го обвини глумицата Лили Бернард, која имала улога во неговото „Козби шоу“. Таа, слично како и претходната жртва на Козби, тврди дека била дрогирана и силувана од нејзиниот ментор во 1990 година.

„Чекав долго време за да можам да го продолжам мојот случај на суд и со нетрпение очекувам да ме чујат, а Козби да одговара за она што ми го направи. Иако се случи одамна, јас сѐ уште живеам со стравот, болката и срамот, секој ден во мојот живот“, изјави Бернард.

Таа се појави како наводна жртва на Козби и пред неколку години. Козби ги отфрла наводите и тврди дека е невин. Претставникот на Козби, Ендрју Вајат, смета дека одредбите за нешто што наводно се случило толку одамна „се кршење на уставните права на поединецот“.

Козби веќе беше прогласен за виновен за сексуален напад врз Андреја Констанд, што се случил во 2004 година. Тој од 2018 година издржа затворска казна, но пресудата беше поништена во јуни годинава, не поради докажана невиност, туку поради правни пропусти во постапката.

Share
Scroll to Top