Граѓаните на Битола ќе имаат можност со свои идеи и предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година, на третиот буџетски форум што Општината го најави за четврток, 19 ноември.
Форумот ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 12 часот.
Од локалната самоуправа велат дека по големиот интерес за првите два буџетски форума, очекуваат активно учество на граѓаните и на претстојниот собир.
Целта е да се слушнат потребите и приоритетите на жителите, како и нивните идеи за проекти и активности што би можеле да бидат опфатени со буџетот за следната година.
Општина Битола ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да ги споделат своите предлози, со цел буџетот да ги одразува потребите на локалната заедница.






