Бијонсе донираше за лицата погодени од ледената бура во Тексас

Бијонсе донираше за лицата погодени од ледената бура во Тексас

пред 3 години

Американската пејачка, Бијонсе заедно со „Adidas“ и организацијата „Bread of Life“ ги здружија силите за да соберат пари за загрозените жители на Тексас, кои се борат со последиците од ледената бура „Ури“.

Бијонсе преку својот мрежи, апелираше за помош на загрозените. Покрај тоа, таа ги покани погодените од невремето да се пријават на посебен линк за да им донираат потребните средства.

„Нашите молитви се со погодените од невремето“, напишаа од фондацијата, на Твитер.

Во ледената бура што го погоди Тексас, пред неколку дена, повеќе од 40 лица го загубија животот, а неколку милиони луѓе во моментов живеат без лекови, храна, вода, струја и греење. Низ цела Америка се започнати бројни хуманитарни акции, а веќе се собрани стотици илјади долари за помош на загрозените.

Инаку, ова не е прв пат Бијонсе да им помага на американците преку фондацијата „BeyGOOD“. Во текот на 2020 година, пејачката повеќепати донираше средства за набавка на храна, заштитни маски, средства за дезинфекција и лекови поради пандемијата на коронавирусот.

 

Share
Scroll to Top