Бијонсе донира половина милион долари за погодените од кризата

Бијонсе донира половина милион долари за погодените од кризата

пред 3 години

Пејачката Бијонсе донира 500.000 долари помош за луѓето кои останаа без своите домови во периодот на криза предизвикан од коронавирусот.

Таа на својата официјалната веб-страница објави дека сите кои имаат потреба за помош можат да се пријават до седми јануари наредната година. Помошта ќе ја добијат 100 луѓе, кои ќе бидат избрани на крајот на јануари 2021 година.

„Бијонсе помага таму каде што е најмногу е потребно. Сега ќе им помогне на сите кои беа погодени од станбената криза“, е наведено во службеното соопштение, кое го пренесоа странските медиуми.

Пејачката сака да им помогне и на оние кои поради пандемијата ја изгубија работата.

„Кога се соочивме со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, моравме да направиме поинаков план. Организиравме акции ширум земјата за да им помогнеме на луѓето на кои им беа потребни основните животни работи, како што се вода, храна и лекови“, стои на службената страница на пејачката.

Share
Scroll to Top