Додека во Њујорк вниманието е насочено кон раскошната свадбена прослава на Тејлор Свифт и Тревис Келси, актерската двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс беа забележани стотици километри подалеку, на семејно патување во Лејк Плесид, во северниот дел на државата Њујорк.
Според TMZ, Лајвли (38) и Рејнолдс (49) присуствувале на коњичко натпреварување на нивната шестгодишна ќерка Бети, која освоила второ место. Папараците ги фотографирале двајцата во опуштено издание додека ја бодреле својата ќерка.
Блејк носела лежерен летен стајлинг – топ без прерамки, тексас-шорц и коса собрана во неуредна пунџа, додека Рејнолдс бил облечен во бела маица, каки-панталони и капа.
Нивното појавување далеку од Њујорк предизвика дополнителни шпекулации бидејќи се случи токму во вечерта кога во Медисон Сквер Гарден се одржа пробната вечера пред свадбената прослава на Тејлор Свифт и Тревис Келси, на која присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои Селена Гомез, Џиџи Хадид, Ерин Ендрјус и други.
Според претходни информации на Page Six, Блејк Лајвли не добила покана за свадбата, иако со години важеше за една од најблиските пријателки на Тејлор Свифт.
Извор за американскиот медиум изјавил дека нивното пријателство сè уште не е обновено по несогласувањата што настанале кога името на Свифт било вмешано во правната битка меѓу Лајвли и актерот и режисер Џастин Балдони, нејзин колега од филмот It Ends With Us.
„Немало обид за помирување кога станува збор за нивното пријателство, а Тејлор не ѝ испратила свадбена покана на Блејк“, тврди изворот.
Друг извор претходно навел дека пејачката сакала „малку простор“ поради целата ситуација и не сакала да биде дел од правниот спор.
„Тејлор беше навистина повредена. Имаше чувство дека е искористена како фигура во целата приказна и не сакаше да има никаква поврзаност со тоа“, изјавил соговорникот.
Во изминатиот период Лајвли не беше видена на ниту една од свадбените активности на Свифт. Додека пејачката го прославуваше моминскиот викенд со најблиските пријателки во својот имот на Род Ајленд, актерката беше фотографирана сама додека пазаруваше во Њујорк.
Во меѓувреме, свадбената прослава на Тејлор Свифт и Тревис Келси продолжува да привлекува огромно внимание. Според американските медиуми, на свеченоста се очекуваат повеќе од 1.000 гости, со строго формален кодекс на облекување и забрана за користење мобилни телефони.
Исто така, Page Six, повикувајќи се на свои извори, тврди дека Свифт и Келси веќе приватно размениле брачни завети во присуство на мал број најблиски, додека големата церемонија во Њујорк претставува свечена прослава. Ова тврдење засега не е официјално потврдено од двојката или нивните претставници.






