Блејк Лајвли со рамен стомак покажа дека го родила четвртото дете

Блејк Лајвли со рамен стомак покажа дека го родила четвртото дете

пред 2 години

Глумицата Блејк Лајвли на Инстаграм објави слика со рамен стомак и покажа дека се породила. Таа и нејзиниот маж, актерот Рајан Рејнолдс, го добија четвртото дете, по трите ќерки Џејмс (7), Инес (5) и Бети (2). Двојката не откри дали добиле син или ќерка и како се вика бебето. На сликата, на која Блејк е со Рајан и нејзината мајка, напиша дека ужива во неделниот ручек додека гледа Супербол.

„Бевме зафатени периодов“, стои во коментарот, па фановите почнаа да ѝ честитаат.

Блејк и Рајан важат за еден од најтаинствените парови во Холивуд и многу ретко зборуваат за приватниот живот во јавноста, а не објавуваат ни слики со децата. Глумицата иако често се појавуваше во јавноста за време на бременоста, не откри кога се породила, па затоа новата слика ги изненади фановите.

Share