Божикната честитка е лажна, Меланија и Трамп се на Флорида

Божикната честитка е лажна, Меланија и Трамп се на Флорида

пред 3 години

Меланија Трамп објави божиќна честитка од неа и Доналд на социјалните мрежи. Под фотографијата таа напиша „Среќен Божиќ од претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп“, појаснувајќи дека фотографијата е направена на 10 декември на големите скали во Белата куќа во Вашингтон.

Но американските медиуми пишуваат дека станува збор за фотографија направена пред една година. Ова е фотомонтажа, велат, а наводно оригиналната фотографија на Доналд и Меланија Трамп е една од серијата фотографии снимени лани во Лондон.

 

На честитката, Доналд Трамп и Меланија стојат еден до друг, облечени во црни одела во Белата куќа.

Меланија и Доналд Трамп вчера го напуштија Вашингтон за да ги поминат божикните празници во нивното приватно одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида.

Share
Scroll to Top