Божиновска: Да го чуваме револуционерното наследство и да градиме подобра иднина за Македонија

Божиновска: Да го чуваме револуционерното наследство и да градиме подобра иднина за Македонија

пред 3 часа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, оддавајќи почит по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во пораката за празникот, Божиновска се осврна на храброста и пожртвуваноста на генерациите што се бореле за слободна и самостојна Македонија. Таа нагласи дека нивното дело претставува наследство кое треба да се зачува, но и обврска да се работи за напредокот на државата.

„23 Октомври е потсетник дека државноста се гради со храброст, жртва и верба во сопствената иднина. Наша обврска е да го чуваме тоа наследство и да работиме за Македонија каква што ја заслужуваат идните генерации“, порача Божиновска.

Нејзината празнична порака ја поврзува почитта кон минатото со одговорноста на денешните генерации — преку посветеност и работа да создаваат подобри услови за оние што доаѓаат.

Share
Scroll to Top