Божиновска до студентите од ФЕИТ: И дома има простор да учите и да работите на важни енергетски проекти

Божиновска до студентите од ФЕИТ: И дома има простор да учите и да работите на важни енергетски проекти

пред 28 минути

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската ефикасност.

На средбата станало збор и за можностите идните инженери да го применат знаењето стекнато на факултет во практиката и да се вклучат во развојот на домашниот енергетски сектор.

Свои искуства со студентите споделиле и млади вработени во Министерството, кои претходно учествувале на Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР. Тие им раскажале за патот од првите практикантски денови до професионалниот ангажман во институцијата.

„Сакам младите да знаат дека и тука, дома, имаат простор да учат, да напредуваат и да бидат дел од важни проекти“, порача Божиновска.

Министерката најави дека ќе продолжи да ја зајакнува соработката со ФЕИТ. Според неа, поврзувањето на факултетите со институциите е важно за младите инженери да стекнат практично искуство и да придонесат за развојот на домашната енергетика.

Share
Scroll to Top