Божиновска: Инвестициите мора да носат реални придобивки за граѓаните, со јасни правила и контрола

Божиновска: Инвестициите мора да носат реални придобивки за граѓаните, со јасни правила и контрола

пред 8 часа

Економски оправдани проекти, транспарентни постапки и заштита на јавниот интерес треба да бидат основата на јавно-приватните партнерства и концесиите. Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на дискусија организирана од Центарот за граѓански комуникации.

Осврнувајќи се на реформите што се подготвуваат преку новиот Закон за јавно-приватно партнерство и Законот за концесии на добра од општ интерес, Божиновска истакна дека целта е приватниот капитал да придонесува за развојот, во услови на фер конкуренција, правна сигурност и поголема институционална контрола.

„Не е целта да склучуваме што повеќе договори, туку да реализираме економски оправдани проекти што создаваат вистинска вредност за граѓаните“, нагласи министерката.

Според неа, предложените законски решенија предвидуваат построга проценка на проектите, следење на финансиските ризици и воспоставување електронски регистар на договорите за јавно-приватно партнерство. Овие механизми треба да овозможат поголема транспарентност и отчетност во управувањето со проектите.

Божиновска посочи дека одговорноста на институциите не завршува со потпишувањето на договорите. Таа мора да продолжи и во текот на нивната реализација, преку редовно следење на преземените обврски и проверка на постигнатите резултати.

„Сакаме инвестиции, но инвестиции со јасни правила, правна сигурност и реални придобивки за граѓаните и економијата“, порача Божиновска.

Share
Scroll to Top