Божиќен концерт на плоштадот во Скопје со Антониа, Ламбе, Златно славејче, Димитар и Пере

Божиќен концерт на плоштадот во Скопје со Антониа, Ламбе, Златно славејче, Димитар и Пере

пред 1 година

На Бадник на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт со Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, како и хорот на Златното славјече, Антониа Гиговска и Ламбе Алабакоски кои ја отпеаја трета верзија на „Вечниот бог“.

Во 11 чаосот и 30 минути ќе биде оформена Бадниковата поворка, која преку Камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање. Бадникови поворки ќе се организираат и низ другите скопски општини и градови низ земјава. 

Водители на настанот ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Како што информираа од Здружението Бадникови повори, заврши снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ отпеана од Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче. Режисер на видеото е Дејан Пројковски, диркетор на фотографија Горан Наумовски и камера и продукција на Стојан Стојановски.

Share
Scroll to Top