Борба за наследството: Бившата сопруга на Видоје и свекорот Миша сакаат сакаат да ѝ ја земат куќата на Николина во Загреб

Борба за наследството: Бившата сопруга на Видоје и свекорот Миша сакаат сакаат да ѝ ја земат куќата на Николина во Загреб

пред 2 години

Бившата сопруга на Видоје Ристовиќ и неовиот татко Миша Гроф сакаат да ѝ ја земат куќата на Николина во Загреб, пренесоа хрватските медиуми. Николина веќе води неколку судски процеси против таткото на нејзиниот покоен сопруг.

Таа рече дека имала проблем да влезе и во нивниот заеднички стан во Белград, откако Миша си ги присвоил клучевите. Наводно утрото по ненадејната смрт на Видоје на 8 мај минатата година, Миша влегол во станот во Белград што Пишек го делела со сопругот.

Како член на семејството, полицијата му ги предала клучевите од станот. Николина подоцна рече, тој си ги присвоил и се правдал со разни изговори зошто таа не треба да доаѓа и да го користи. И рекол со станот наводно управувале полицајците кои ја истражувале смртта на Видоје.

„Ми зборуваше за некакво запленување и ми забрани да влезам во станот, а потоа ме замоли да го почитувам обичајот и да не влегуваме во станот 40 дена по смртта на мојот покоен сопруг. Подоцна сфатив дека сето тоа е лага“, рече Николина.

Последната година се покажа како многу тешка и болна за неа. Таа води седум судски случаи кои директно и индиректно се поврзани со нејзиниот свекор. Рече дека јавно ја навредувал и обвинувал.

Миша во Белград е познат како богат и моќен човек. Се занимава со препродажба на вредни антиквитети и уметнички дела, за кои малкумина разбираат како дошле во неговите раце.

Секогаш кога се појавува во медиумите ја обвинува Николина, а не ја ни споменува судската постапка во која беше обвинет дека ги ограбил снаата и внуката. На денот на смртта на Видоје, Николина и нејзината и малолетната ќерка не спиеле во станот во кој живееле како семејство додека биле во Белград.

Пишек тврди дека до ден денес малото девојче нема земено ниту една играчка од тој стан, а не направила ниту семејни фотографии. Миша е тој кој последен имал пристап до тој стан. Во медиумите тој ја кажува спротивната приказна.

Последно што рече за медиумите е дека не е човек кој би ја избрка внуката од станот. Рече дека не би избркал ниту улична мачка. Но, кога ја спомнуваат сопругата на неговиот покоен син, Николина, тој ја менува интонацијата и почнува со навреди.

Им се јавува на нејзините другарки и ги навредува нејзините пријатели со кои до неодамна и самиот тој се дружел.

„По смртта на мојот сопруг почнав да добивам напади на паника. Се плашам за иднината на ќерка ми“, рече Пишек.

Миша води три постапки во судот со поранешната опруга на Видоје, Лана Николина. Пишек објасни дека зад сите постапки стои Миша затоа што до летото минатата година таа имала коректни односи со ќерката и сопругот од првиот брак на Видоје.

Лана ја поддржа Николина, во моментите кога Видоје почина. Но, кога Миша почнал да го оспорува имотот, Лана ја блокирала продажбата на имотот на Николина кој го стекнала додека била десет години во брак со Видоје.

„Едниот од тие случаи беше решен во моја корист, а другиот се уште е во постапка“, рече Николина, не сакајќи да открива премногу детали.

Водителката позната од емисијата „Маскиран пејач“ на „РТЛ“, рече дека не верува целосно во правдата, но сака да верува во судството. Целата ситуација ѝ претставува голем стрес и често сака да се откаже од случаите бидејќи мора да биде дел од дури седум паралелни процеси поврзани со борбата за наследство.

Целата таа работа Николина вели дека и претставува огромен стрес. Остана без саканиот, без сопругот, поддршката и партнерот. А за воспитување на малолетна ќерка и е потребна сила и посветеност, вели Николина. Рече дека ќерка ѝсекој ден трпи минимална траума поради загубата на нејзиниот татко.

Николина е релативно долго присутна во јавноста, па на некој начин вели дека научила да се справува со коментарите на секакви хејтери.

„Ваквите приказни најчесто доаѓаат од луѓе кои не знаат и не разбираат елементарни закони. Внимавајте, не се борам за нешто со што мојот сопруг немал никаква врска, или за нешто што мојот сопруг можеби го добил од поранешната сопруга или од неговиот татко. Јас исклучиво го барам она што го стекнав и што го изградив со Видоје во нашиот десетгодишен брак“, рече Николина.

Вели дека не ѝ е лесно да ги финансира сите тие судски постапки, но не сака да открива детали. Рече дека некако се снаоѓа. Во меѓувреме заврши со работата на куќата што таа и Видоје ја уредиле во Загреб.

Пространата вила во областа Подсљемен била нивниот избор кога решиле ќерката да ја запишат во градинка и училиште во Загреб, а не во Белград. Поради многу технички пропусти, во февруари 2021 година, со ќерка ѝ беа отруени поради истекување на гас.

Несреќата се случи поради неисправни инсталации што една загрепска компанија ги поставила при реновирањето на куќата. Ниту еден од изведувачите никогаш не презеде одговорност за тоа. Сепак, Николина решила самата да го заврши проектот и да го заврши со свои средства.

Сега семејството на нејзиниот покоен сопруг и направи проблеми околу таа куќа и се обидува да ѝ го оспори правото на истата. Сепак, Пишек е регистриран како единствен сопственик на имотот.

Share
Scroll to Top