Борис Џонсон на 58 години по осми пат ќе стане татко

Борис Џонсон на 58 години по осми пат ќе стане татко

пред 2 години

Сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, Кери Џонсон, објави дека го очекуваат третото дете. Кери на Инстаграм напиша дека се чувствувала исцрпено во последните осум месеци, но дека со сопругот едвај чекаат да го запознаат бебето за неколку недели.

Премиерот до неодамна одбиваше да одговори на прашањата за тоа колку деца има. Но, во септември за „Ен-би-си“ рече дека има шест деца и дека го очекува раѓањето на седмото.

За потсетување, Борис и Кери Џонсон, кои се венчаа во мај 2021 година, веќе имаат две деца, тригодишниот Вилф и двегодишната Роми. Има и четири деца со поранешната сопруга Марина Вилер, и едно дете родено во 2009 година како резултат на афера со уметничкиот консултант Хелен Мекинтајр.

Share
Scroll to Top