Босански тренер би можел третпат да добие отказ пред Светско

Босански тренер би можел третпат да добие отказ пред Светско

пред 3 години

Вахид Халилхоџиќ би можел да се соочи по третпат со отказ уште пред почетокот на Светското првенство. Тој досега успеа со четири различни репрезентации да се квалификува на Мундијалот.

Овој пат тоа му појде од рака со селекцијата на Мароко, која во Катар доби тешка група со Хрватска, Белгија и Канада. Сега Халилхоџиќ би можел да ја прекине соработката со Мороко, поради несогласувањето кое го има со голем дел од фудбалерите и челниците во Сојузот.

Халилхоџиќ избрка три ѕвезди од тимот, Хаким Зијех, Нусаир Мазрауи и Абдеразак Хамндалах. Тој е познат по тоа што не сака да трпи фудбалери кои не го даваат максимумот на теренот.

Другите фудбалери пак сметаат дека претерал и дека избрканите заслужуваат нова шанса. Тие сметаат дека без нив репрезентацијата драстично ќе биде ослабена пред Светското во Катар. Халилхоџиќ доби јасни пораки и од челниците во Сојузот дека не се задоволни со атмофесферата во репрезентацијата и дека полека бараат негова замена.

Наводно кандидатите за негова смена се Клод Пуел, Руди Гарсија и Лорен Блан.

Првиот човек на Сојузот на Мороко рече дека никој не е незаменлив, додека Халилхоџиќ рече дека засега не е запознаен со никакви промени и дека не е на него да зборува за таа тема.

Се очекува пред да биде сменет да му биде поставен ултиматум да ги врати избрканите фудбалери или во спротивно ќе добие отказ. Халилхоџиќ откако се квалификуваше со Мароко, по телефон доби честитки и од самиот крал во оваа земја.

За потсетување, Халилхоџиќ веќе двапати досега доби отказ пред прошлите Мундијали, иако успеа да се квалификува. Еднаш тоа беше случај со Брегот на Слоновата коска, а потоа и со Јапонија. Единствен пат кога се појави на Мундијалот е во 2014 година на Светското во Бразил.

Тогаш Халилхоџиќ  со репрезентацијата на Алжир стигна до 1/8 финалето.

(Видео) Вахид Халилхоџиќ стана првиот тренер што однесе четири репрезентации на Светско, па стигна на телефон да му честита и на кралот на Мароко

Share
Scroll to Top