Бочели го изгуби видот, Фрида имала пократка нога, Питер Динклиџ со џуџест раст: Славни и покрај попреченоста

Бочели го изгуби видот, Фрида имала пократка нога, Питер Динклиџ со џуџест раст: Славни и покрај попреченоста

пред 4 години

Лицата со попреченост можат да бидат многу успешни . И покрај бројните предизвици што им ги поставил животот, здравствените проблеми, попреченоста во физичкиот или психичкиот развој, некои од нив не се откажуваат и продолжуваат да се борат. Дел од  славните личности кои постигнале  успех и покрај нивните попреченост:

Фрида Кало
На 6-годишна возраст, Фрида Кало поминала неколку месеци во болница откако се заразила со полиовирусот кој предизвикува детска парализа. Иако Кало имала поблага форма на болеста, сепак останале и последици – нејзината десна нога била малку деформирана и пократка од левата.

Подоцна, на 18-годишна возраст, таа преживеала тешка сообраќајка поради која ѝ биле направени над 30-тина операции и цел живот била во болки.

 

Робин Вилијамс
Познатиот актер кој успеа да го насмее целиот свет, во детството добил дијагноза за ADHD. Подоцна, кога пораснал, актерот бил дијагностициран и со биполарно нарушување.

Кон крајот на неговиот живот, Робин Вилијамс страдал и од еден вид деменција, која е проследена со промени во навиките за спиење, однесувањето, начинот на размислувањ.

Андреа Бочели
На 12-годишна возраст, познатиот оперски пејач потполно го изгубил видот, откако бил удрен со топка додека играл фудбал.

Лекарите дале сè од себе, но не успеале да му помогнат. Претходно, Бочели имал глауком, кој веќе му предизвикал проблеми со видот.

Ник Вујичиќ
Ник е вистинска инспирација за буквално секој. Тој е роден без раце и нозе и има изјавено дека во младоста се чувствувал толку лошо, што помислувал и на самоубиство.

Но, со текот на времето станал свесен за неговиот потенцијал, па сега држи мотивациски говори ширум целиот свет, а има напишано неколку книги.

Мајкл Џ. Фокс
Актерот кој го засакавме благодарение на Back to the Future има Паркинсонова болест. Дијагнозата ја добил на 29-годишна возраст, во периодот кога постигнуваше најголем успех.

На актерот му требало многу време да се соочи со реалноста и извесно време се справувал и со депресија и алкохолизам. Денес Мајкл уште се справува со болеста и се обидува да ја подигне свеста за неа.

Питер Динклиџ
Ѕвездата од Game of Thrones има ахондроплазија, односно нарушување познато како џуџест раст. Неговиот живот не бил воопшто лесен, постојано бил мета на критики и исмејување.

Но, токму поради нарушувањето тој ја доби улогата во Game of Thrones, преку која имаше можност да го покаже неверојатниот талент и да ги освои срцата на милиони фанови.

Киану Ривс
Познатиот актер има дислексија која му предизвикувала сериозни проблеми во детството. Тој има изјавено дека поради нарушувањето бил многу слаб ученик и не завршил ни средно.

Дислексијата имала огромно влијание и врз неговата самодоверба и актерот долго време се чувствувал како да не припаѓа никаде.

Даниел Редклиф
Актерот кој најдобро го знаеме од серијалот Harry Potter има блага форма на диспраксија. Луѓето со ова нарушување се несмасни и воопшто не можат да го контролираат тоа, а се појавуваат и други симптоми, како тешкотии со концентрација, проблеми со координација и слично.

Даниел има изјавено дека некогаш не може да си ги врзе ни врвките од патиките поради нарушувањето.

 

Share
Scroll to Top