Братот близинак на Ештон Кучер: Му бев многу љут што јавно откри дека боледувам од церебрална парализа

Братот близинак на Ештон Кучер: Му бев многу љут што јавно откри дека боледувам од церебрална парализа

пред 4 години

Братот близнак на холивудскиот глумец Ештон Кучер, Мајл Кучер, кој боледува од церебрална парализа, криел за својата болест сѐ до 2003 година. Тој вели дека на почетокот му бил многу љут на Ештон, затоа што без негова дозвола јавно на државна телевизија, зборувал за неговата состојба.

„Му бев љут, многу љут“, изјавил Мајкл за Today, а потоа вели дека сватил дека тоа била најдобрата работа која некогаш му се случила во животот. Мајкл вели дека сега е благодарен за тоа што повеќе не мора да крие од другите за неговата болест и да биде тоа што е.

Неговата мајка забележала дека Мајкл уште на три години има проблем со развојот. Тогаш лекарите му дијагностицирале дека има церебрална парализа. Мајкл отлрил дека поради неговиот инвалидитет тој имал проблеми да стекне пријатели, но дека Ештон секогаш го бранел.

„Ештон ме поддржуваше и ми помагаше многу. Еднаш им се спротистави на децата кои ме навредуваа и тоа многу ми значеше Тоа што прозборе за мене беше една од најголемите услуги кои некогаш ги направил за мене“, изјавил Мајкл.

Денес Мајкл е среќно оженет и јавно ја застапува Фондацијата Cerebral Palsy, каде е советник за апликација, преку која семејствата полесно можат да најдат помош за членовите со инвалидитет.

„Се сакам самиот себе си и знам колку им помагам на луѓето. Ништо од ова немаше да се случи, ако ги немав овие пречки, или како што јас ги велам можности“, вели Мајкл.

Ештон изјавил дека неговиот брат близнак за него претставува инспирација за сето тоа што го прави. Меѓу останатото, тој вели дека Мајкл сега заговарал и доброволна донација на органите.

Share
Scroll to Top