Бред Пит сака бебе со новата девојка, германскиот модел Никол Потуралски

Бред Пит сака бебе со новата девојка, германскиот модел Никол Потуралски

пред 4 години

Холивудскиот глумец Бред Пит и германскиот модел Никол Потуралски сакаат да имаат бебе, пишува магазинот Globe. Извор близок до манекенката откри дека таа планира да добие бебе со Бред до Денот на благодарноста.

„Млада е и нема причина да нема едно или повеќе деца. Мислам дека нивните деца ќе бидат прекрасни. Пријателите на Бред веќе се кладат дека тој ќе добие близнаци. Во неговото семејство има многу близнаци“, открива изворот.

Тој вели дека Бред веќе прави место за Никол во неговата вила во Лос Анџелес и дека наскоро таа ќе може да се всели. Тој вели дека Бред не сака Никол да му биде минлива летна авантура и дека сака со неа да има сериозна врска и деца.

„Тој сака да има дете со неа. А, кој не би сакал. Ако не се распаднеше врската со Анџелина, веројатно и со неа ќе имаше уште деца. Тоа отсекогаш му беше желба“, открива изворот.

Бред Пит во моментов води битка на суд со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли околу старателството над нивните шест деца. И Никол има седумгодишен син, со германски сопственик на ланец на ресторани, со кого сè уште се во отворен брак.

Share
Scroll to Top